Алкалоид продолжува со максимален ефект на Европскиот клупски куп во шах

Македонскиот шаховски шампион Алкалоид ја забележа четврта победа во низа на Европскиот клупски куп, кој се одржува во Врњачка Бања, Србија.

Македонскиот шаховски шампион Алкалоид ја забележа четврта победа во низа на Европскиот клупски куп, кој се одржува во Врњачка Бања, Србија.

Во 4. коло Алкалоид вчера го совлада словенечкиот тим Тајфун со 3,5:2,5.

По цел поен за Алкалоид обезбедија Аравинд Читамбарам, С.Л. Нарајан, ремизираа Ју Јангји, Ајрун Еригаиси и Александар Инѓиќ, а загуби Ји Веи.

Во рамки 5. коло противник на Алкалоид ќе биде Туркиш Ерлајнс.