Гутереш пристигна во Казан на самитот на БРИКС во Русија, утре средба со Путин

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш утрово пристигна во Казан, Русија, за да учествува на самитот на БРИКС, објавија локалните власти на Телеграм.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш утрово пристигна во Казан, Русија, за да учествува на самитот на БРИКС, објавија локалните власти на Телеграм.

Тој беше пречекан од шефот на Парламентот на Руската Република Татарстан, Фарид Мухамечин.

Генералниот секретар на ОН ќе се сретне со „голем број лидери кои учествуваат на самитот“, соопштија од ОН.

Кремљ најави дека Гутереш утре ќе има средба со рускиот претседател Владимир Путин, прва ваква средба одржана на руска територија од април 2022 година.