Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска учествува на самитот „Украина – Југоисточна Европа“ во Дубровник, имал средба со Борјана Кришто, претседателка на Советот на министри на Босна и Херцеговина.
Мицкоски на својот фејсбук-профил соопшти дека на средбата изразил искрено сочувство во име на македонската Влада за жртвите и настраданите од невремето во БиХ.
-Понудив помош и отворена понуда за работите за кои може Македонија да помогне низ европскиот механизам за помош при непогоди. Солидарноста е важна работа!, напиша Мицкоски на Фејсбук. хс/са/
Фото: ФБ Христијан Мицкоски