Додик: Нема БиХ без Република Српска

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека Босна и Херцеговина не постои без РС.

Тој додаде дека е многу задоволен од постигнатите резултати во РС, бидејќи знае во какви околности тоа е реализирано и под какви притисоци.

– Знам какво е опкружувањето во БиХ, во регионот, дека сме непожелни и оти единствените кои нè сакаат сме ние самите и нашите пријатели, кои ни се важни. Се друго е мотивирано да не спречи и омаловажува, наведе Додик во синоќешната емисија на Радио телевизија РС.