Њујорк Тајмс: Напад на Иран врз Израел се очекува „во наредните часови“

 „Њујорк тајмс“ цитира тројца израелски официјални лица кои велат дека очекуваниот ирански напад ќе вклучува дронови и проектили, додека американски функционер предвидува употреба на балистички ракети.

Како што пренесува Тајмс оф Израел, нападот се очекува „во наредните часови“.

Кога Иран го нападна Израел во април, беше пресметано дека на балистичките ракети им требаат 12 минути за да стигнат до Израел од Иран, на крстосувачките ракети два часа и на дроновите околу девет часа за да стигнат до нивната цел.

Тројцата израелски функционери, кои Тајмс анонимно ги цитира, рекле дека Иран најверојатно ќе таргетира три воени воздушни бази и „разузнавачки штаб северно од Тел Авив“, за кој се вели дека е евакуиран.

И покрај тоа што во април беше избегната сеопфатна војна, Тајмс цитира дипломати и експерти кои велат дека сега е поверојатна голема војна, „со тоа што Израел се очекува силно да возврати по секој нов ирански напад“.