ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија – државата 7 години ја потонаа во криминал

„СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија, државата 7 години ја потонаа во криминал. СДС ликуваат на тоа што Македонија е заглавена. СДС напорно работеа првин да бидеме ставени во ист кош со Албанија, а потоа и Албанија да не претрка“ соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата со став „СДС свесно работат Македонија да биде заглавена почнувајќи од договорите потпишани од Заев, завршувајќи со криминалот и корупцијата кои царуваа 7 години со СДС“.

„2% доверба во судството, девастирано здравство и образование, СДС систематски ја разгради државата. Радоста на СДС нема да трае, Македонија оди напред, со ВМРО-ДПМНЕ следува економска трансформација, владеење на право и просперитет“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.