Во Подгорица денеска се одржуваат локални избори на кои право на глас имаат 145.724 гласачи. На изборите учествуваат 13 листи.
Во изборната трка се и коалицијата на Движењето Европа сега и Демократска Црна Гора, како и коалицијата „За иднината на Подгорица“, која ја сочинуваат Нова српска демократија, Демократска народна партија, Социјалистичка народна партија, Обединета Црна Гора, Работничка партија , Слободна Црна Гора и Вистинска Црна Гора.
На изборите ќе учествува и коалицијата „За подобра Подгорица Јаков Милатовиќ“, која ја сочинуваат Движењето за Подгорица, Граѓанското движење УРА и Движењето за промени, потоа Демократската партија на социјалистите, Бошњачката партија.
Партијата за европски напредок, Европската унија, која ја сочинуваат Социјалдемократите, Социјалдемократската партија и Либералната партија, потоа Движењето Сврт, Движењето Напред, Листата Подгорица, Црногорската граѓанска акција, црногорската европска партија и За место во локалниот парламент ќе се бори Движењето на Подгорица за потстанари.
Избирачките места ќе бидат отворени од 7 до 20 часот.
До осум часот гласале 1,85 отсто или околу 2.696 регистрирани избирачи, соопшти Центарот за демократска транзиција (ЦДТ), пренесува Вијести.
Тоа е помалку во споредба со локалните избори во 2018 година, кога во исто време гласале 3,2 отсто, додека во 2022 година гласале 2,8 отсто од запишаните избирачи.