Родилка на 31-годишна возраст почина вчера вечер во кумановската болница, а новороденчето е итно префрлено во Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.
Од здравствените институции засега нема официјални информации за текот на бременоста и за состојбата на новороденчето.
Причината за смртта на родилката ќе ја испитува судска медицина.
„На 27.9.2024 во 21.35 часот во СВР Куманово, директорот на Општа болница Куманово пријавил дека на Одделението за гинекологија во болницата починала 31-годишна родилка од Куманово. Увид извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција“ – соопшти СВР Куманово.