Министерката со македонско потекло поднесе оставка од словенечката Влада

Словенечката министерка за дигитална трансформација, Емилија Стојменова-Дух, која е родена во Македонија, поднесе оставка откако беше критикувана од јавноста за неовластено користење сигнални светла на службен автомобил.

Премиерот Роберт Голоб ја прифати оставката на министерката.

Словенечките медиуми пренесуваат дека недозволено вклучила сигнални светла на службениот автомобил за да избегне сообраќаен метеж во Австрија и да фати авион за Женева, но и дека била фокус на јавна дебата поради наводни неправилности при набавка на 13 илјади компјутери.

Стојменова-Дух е родена во Виница во 1985, а во Словенија се преселила на 17 години. Во јуни 2022 стана министерка за дигитална трансформација во владата на Роберт Голоб.