Американската потпретседателка и кандидатка за претседател на САД од Демократската партија, Камала Харис ја прифати поканата на Си-ен-ен да учествува на дебата со републиканскиот противкандидат Доналд Трамп на 23 октомври.
Информацијата ја потврдија од нејзиниот изборен штаб, а Харис на платформата „Икс“ напиша дека очекува и Трамп да и се придружи во ТВ-дуелот.
I will gladly accept a second presidential debate on October 23.
I hope @realDonaldTrump will join me. https://t.co/Trb8HUBsDh
— Kamala Harris (@KamalaHarris) September 21, 2024
„Доналд Трамп не треба да има проблем да се согласи на оваа дебата. Тоа е истиот формат и поставеност како дебатата на Си-ен-ен на која присуствуваше и рече дека победил во јуни, кога ги пофали модераторите, правилата и рејтингот на медиумот“ – порачаа од изборниот штаб на Харис.
Првата дебата меѓу Трамп и Харис се одржа на 10 септември.
Прва претседателска дебата на Трамп и Харис – соочување на две различни визии за Америка
По дуелот Трамп порача дека иако тој победил, сепак нема да учествува во уште една дебата пред изборите закажани за 5 ноември.