Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побара да се сретне со својот сириски колега Башар ал Асад во Њујорк на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации за да ги „нормализираат“ односите, јавија турските медиуми.
Двете земји ги прекинаа сите официјални односи во 2011 година, по почетокот на сирискиот конфликт.
„Побаравме средба со Башар Асад за да ги нормализираме односите меѓу Турција и Сирија. Сега го чекаме одговорот на другата страна“, рече шефот на државата.
Турскиот претседател, кој неуспешно ги поддржа напорите на сириските бунтовници за соборување на режимот на Башар Асад, веќе неколку месеци бара зближување со Башар Асад и го покани во Турција – засега без резултат, наведуваат медиумите во Турција.