ПСЖ одби да му плати на Мбапе 55 милиони евра
Пари Сен-Жермен ќе продолжи да го оспорува плаќањето на долгот кон Килијан Мбапе.
Претходно, Француската професионална фудбалска лига (LFP) им наложи на парижаните да му платат на францускиот напаѓач долг од 55 милиони евра. Оваа сума претставува неисплатени плати и бонуси.
ЛФП постави осумдневен рок за плаќање, кој истече вчера. Во своето соопштение ПСЖ не ја споменува исплатата на оваа сума, туку напротив вели дека има намера спорот да го префрли на друг орган.
– ПСЖ поднесе жалба на одлуката на комисијата на ЛФП. Не се работи само за правната позиција на клубот, која е целосно оправдана. Станува збор и за интегритет, чесност, зачувување на вредностите и почитување на парискиот клуб и навивачите, што е поважно од кој било играч.
Од правен и фактички аспект, играчот има преземено јавни и приватни обврски кои клубот едноставно бара да се исполнат. Покрај тоа, играчот доби невидени привилегии од клубот цели 7 години во Париз.
Клубот со нетрпение очекува овие фундаментални и неоспорни обврски да бидат почитувани од соодветните органи, доколку играчот за жал одлучи да продолжи со оваа работа, која се чини дека е од сомнителен карактер од гледна точка на неговата репутација, соопштија од парискиот клуб.
Мбапе летово се пресели во Реал Мадрид како слободен играч по истекот на договорот со ПСЖ.