Халанд за Гинис – сам постигна повеќе голови од Ливерпул, Челси, Јунајтед, Тотенхем

Неверојатната серија на Ерлинг Халанд во Премиер лигата продолжи и во 4. коло.

Манчестер Сити по пресврт го победи Брентфорд на „Етихад“ со 2:1 и уште еднаш Норвежанецот беше ѕвезда на денот.

Иако гостите поведоа по 30 секунди со голот на Виза, половина час им беше доволен на „граѓаните“ да го свртат резултатот во своја полза.

Во 20. минута Халанд погоди на асистенција на Кевин де Брујне, а во 32. минута голманот Едерсон му асистираше.

Тоа беа негов осми и деветти гол во актуелната премиерлигашка сезона, а се одиграа само четири кола

А сегашната ситуација е таква што Халанд постигна повеќе голови од кој било од преостанатите 19 клубови во највисокото ниво на англискиот фудбал.

Ливерпул и Челзи досега постигнаа по седум, Манчестер Јунајтед и Тотенхем по шест …

Впрочем, рекорди руши и голманот на Сити, Едерсон, кој асистираше за победничкиот гол на овој меч.

Тој попладнево ја забележа својата, верувале или не, четврта асистенција во сезоната.