Кандидатката за претседател на САД, Камала Харис вели дека нуди лидерство на новата генерација – и тоа според неа ја разликувало од актуелниот претседател Џо Бајден.
Како една од мерките која е неопходна ја посочи забраната за поседување автоматско оружје. Таа го обвини нејзиниот републикански противкандидат Доналд Трамп дека поседува оружје и оти шири „омраза и поделеност“ и смета дека луѓето во САД веќе се „исцрпени“ од неговиот стил на лидерство.
– На пример, друг план што го имам, што е нов пристап, е да го проширам даночниот кредит на 6.000 долари за младите семејства за првата година од животот на нивното дете, бидејќи тоа е очигледно многу критична фаза од развојот на детето. Мојот пристап е поврзан со нови идеи, нови политики кои се однесуваат на сегашниот момент, рече Харис.
Интервјуто беше дадено во Џонстаун, Пенсилванија, каде што Харис беше вчера одржа предизборен митинг.
Трамп, неговиот кандидат за потпретседател, сенаторот Џеј-Ди Венс, и други републиканци ја критикуваа Харис дека избегнува интервјуа не контактира со новинарите кои известуваат за настаните од нејзината кампања. Минатиот месец таа и нејзиниот потпретседателски кандидат, гувернерот на Минесота, Тим Волц, дадоа заедничко интервју за Си-Ен-Ен.