„Факт е дека во изминатиов период од неколку месеци институционално се слеваат информации кои што говорат дека од страна на одредени структури, доста моќни, кои до пред неколку месеци беа на високи владини позиции, се прави обид за да се делегитимира денешниот албански блок во Владата. Тие информации се слеваат од сите институции кои покриваат безбедносни прашања. Она кое го говоревме е на иста линија, постоеја информации дека ќе има обид за подгревање на меѓуетнички тензии и преземање дејствија кои би се коселе со закон. Ова кое се случи, проблемот во гостиварското село е само потврда дека одредени структури кои не и мислат добро на Македонија сакаат да подгреат меѓуетничка нетрпеливост. Ќе реагираме, МВР има капацитет, граѓаните треба да се чувствуваат безбедно“ вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во најновото издание на Трилинг.
Според него, „Ние сме денеска на раскрсница, јасно ќе заземеме став дека сакаме да имаме подобра Македонија, дека ги сакаме суштински европските вредности. За овие два месеци покажав дека можело и поинаку, можело да се почитува пресумпција на невиност. Покажавме и дека оние кои се на највисока позиција, пред се во судството, можело и луѓе кои се вдомиле во највисоките позиции да одговараат“.
За тензиите во село Галате кои наликуваат на инцидентот на Попова Шапка кога градоначалник кој е од ВЛЕН се обиде да предизвика меѓуетнички конфликт со носење решение за уривање на крстот, тогаш Стојанче Ангелов, коалициски партнер повикуваше крстот да се брани со оружје. За тоа дали тензиите се во насока да се оправдаат предупредувањата на Мицкоски дека ќе има дестабилизација, меѓуетнички или меѓурелигиски тензии, Тошковски вели „Факт е дека ова е сценарио на оние кои не и мислат добро на Македонија. Тврдам дека премиерот и мисли добро на Македонија. За дејствијата кои се преземени, политичко лешинарење беше искористено од страна на политичари кои наместо да апелираа на смирување и соживот, имаат апел на подгревање“.
За тоа кои се „политичките лешинари“, министерот вели „македонскиот народ многу добро знае кои е тие. Во иднина ќе успееме да ја сработиме работата – сите оние кои се огрешиле на сметка на народот, да си одговараат“.
За црквата во Врапчиште која може да е искра на запаллив национализам, Тошковски вели дека ова сценарио е многу чудно.
Тошковски вели дека битката против криминалот е веќе почната, уште во рамки на техничката Влада.
„Општеството е руинирано во борбата против високата корупција, овој тип на криминал преку ноќ не може да даде резултат. Мал е бројот на човечки ресурси на професионално ниво, лоши се обуките, лош е начинот на менаџирање на техничките средства. Јасна е заложбата дека сакаме да се бориме против високата корупција“ вели Тошковски и напоменува дека „има докази за некои од довчерашните политичари, не не се во фаза за процесуирање“.
Министерот за внатрешни за тоа зошто има потреба да има 11 советници кои буџетот го чинат 1 милион денари ќе каже „Еден портал побара информации колку советници има министерот за внатрешни, во кабинетот. Тие луѓе во мојот кабинет, сите освен еден се вработени во МВР, тоа не се советници што јас сум ги довел, половина од нив биле соработници и на претходниот министер“.
„Максимум ќе дадам за зачувувањето на пресумпција на невиност, нема никогаш да го прекршам ова, и се ќе сторам за да ја променам перцепцијата. Во 21 век мора да почитуваме основни човекови права“ – вели Тошковски.