Воен авион се урна во Бугарија, има загинати – пилотите вежбале за утрешниот аеромитинг

Воен авион марка Л-39 ЗА се урна во соседна Бугарија.

Според првичните информации што ги објавија бугарските медиуми, пилотите загинале, додека, пак, официјално информацијата не е потврдена од бугарските служби.

Министерот за одбрана на Бугарија Атанас Запријанов го откажа аеромитингот во Третата воздушна база поради несреќата, соопшти Бугарското министерство за одбрана.

Инцидентот се случил при подготовка на утрешниот аеромитинг.

„Се случи тешка авионска несреќа во воздухопловната база Граф Игнатиево. Авион Л-39 Албатрос се урна за време на тренинг лет. Нема официјална потврда за жртви“, изјавија за bTV од Министерството за одбрана.