Тургај Ризванче, сопственик на синџирот аптеки „Ризванче“ и Бекир Хоп, сопственик на сервис за часовници во Гостивар, се двете жртви во трагичната несреќа што се случи во четвртокот вечерта на автопатот Гостивар – Кичево, објави порталот „Гостивар Сот“.
Возачот на возилото марка БМВ, Бекир Хоп починал на местото на настанот, додека другиот сопатник Тургај Ризванче не ги преживеал повредите и починал во гостиварската болница. Жртвите биле пријатели.
Со телесни повреди се здобил возачот на камионот, косовски државјанин со иницијали А.Т.
Сообраќајката во 21:20 часот била пријавена, дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила незгода помеѓу патничко возило „БМВ“ со регистерски ознаки на Демир Капија управувано од Б.Х.(54) од Гостивар и камион трактор „Сканија“ со косовски регистарски ознаки, управуван од А.Т.(60) од Косово.