Никој не го слуша Бајден – американски војници, морнари, воздухопловци и маринци ширум светот се во опасност
Никој не го слуша американскиот претседател бидејќи веќе никој не верува во американското лидерство на светската сцена, вели поранешниот американски државен секретар Мајк Помпео.
Тој на „Фокс њуз“ објасни дека тоа создава опасна ситуација бидејќи во САД нема кој да донесе правилни одлуки за земјата и нејзините сојузници.
– Ова се опасни времиња. Ова го гледаат и нашите противници, кои се прашуваат: кој е главен? Кој е одговорен за националната безбедност на Америка? Кој ги носи одлуките дали да испрати повеќе оружје, како што веќе правиме, на Блискиот Исток? – вели Помпео.
Тој вели дека американски војници, морнари, воздухопловци и маринци се насекаде низ светот, но тврди дека сега се во поголема опасност бидејќи синџирот на команда, моделот на американското раководство, е сериозно оспоруван од фактот што САД имаат претседател кој не е во состојба да ги одврати американските противници.