Нови детали за атентатот на Трамп – снајперист ја погодил пушката на напаѓачот

Полициски снајперист потенцијално ги спасил животите на Доналд Трамп и на собраните на митинг во Пенсилванија на 13 јули, погодувајќи ја пушката на атентаторот на Доналд Трамп неколку моменти пред напаѓачот да биде убиен од агенти на Тајната служба, пишува Би-Би-Си.

Снајперски куршум ја оштетил пушката на атентаторот Томас Метју Крукс и му ја попречил целта откако тој пукал кон Трамп, убивајќи еден човек од публиката и ранувајќи го Трамп во увото.

Неколку секунди подоцна напаѓачот бил застрелан од снајперист на Тајната служба.

Според извештајот на американскиот Конгрес, полицискиот снајперист прв го застрелал атентаторот на Трамп од 100 метри.

Снајперистот трчал кон напаѓачот и веднаш откако Крукс ги испукал првите истрели, тој пукал кон него и успеал да ја погоди пушката и на тој начин да му го одвлече вниманието, додека Крукс се тетеравел. Штом станал, бил застрелан од агент на Тајната служба.

Крукс успеал да испука осум куршуми кон Трамп пред да биде застрелан од агентот.

Трамп сега добива нови телохранители и заштита од стакло отпорно на куршуми што ќе ги користи на своите митинзи.