Лукашенко помилува 30 затвореници осудени за протести
Белорускиот претседател Александар Лукашенко потпиша указ за помилување на 30 лица кои беа затворени поради демонстрациите на опозицијата во таа земја.
Белоруското претседателство во соопштение соопшти дека 14 жени и 16 мажи осудени за „злосторства поврзани со демонстрациите“ се помилувани, без да ги именува.
Некои од нив се тешко болни“, додаваат од Претседателството и нагласиле дека сите ја признале вината и искрено се покајале.