Главниот штаб за управување со кризи при Центарот за управување со кризи реши по трет пат да побара помош од ЕУ механизмот за цивилна заштита и тоа четири авиони ер трактори со санки за слетување и полнење на езера и три хеликоптери.
Ова е трет пат за 30 дена како Македонија бара помош од ЕУ механизмот за цивилна заштита.
Главниот штаб оценува дека моменталната состојба со пожарите и тежината и времетраењето на претходните пожари кои повеќе денови горат и натаму е опасна и затоа се бара зголемување на расположивите ресурси, воздухоплови.