Македонец возел на автопат во Србија со 2,7 промили алкохол во крвта

На автопатот кај Прешево, сообраќајната полиција од Врање сопрела македонски државјанин на возраст од 57 години кој управувал возило со 2,7 промили алкохол во крвта, соопшти српската полиција.

Возачот е приведен, а против него е поднесена прекршочна пријава за насилно возење.

Тој бил запрен при редовна сообраќајна контрола.