Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинската армија заробила повеќе од 100 руски војници во областа Курск.
Тој рече дека „ни за момент не го забораваме нашиот источен фронт“, пренесува Гардијан.
„Му наредив на врховниот командант да ја зајакне оваа насока користејќи ја опремата и залихите што моментално ги обезбедуваат нашите партнери“, нагласи Зеленски.
„Ние напредуваме во областа Курск, еден до два километри во различни области од почетокот на денот. Во овој период заробивме повеќе од 100 руски војници“, посочи тој.
Украинската армија соопшти дека нејзините сили собориле руски ловец-бомбардер Су-34 во областа Курск.