Цукерберг во дворот постави голема статуа со ликот на сопругата

Марк Цукерберг ги изненади сите со објава на Инстаграм, кога покажа дека во неговиот семеен дом, поточно во дворот е поставена голема статуа со ликот на неговата сопруга Присила Чен.

Насловувајќи ја фотографијата на неговата сопруга која позира покрај голема сребрено-зелена статуа, Марк напиша: „Ја враќам римската традиција на правење скулптури на жени“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mark Zuckerberg (@zuck)

Присила и Марк се заедно повеќе од 20 години, а во брак над 10, а заедно имаат три ќерки кои, интересно, носат и имиња инспирирани од стариот Рим: Максима, Август и Аурелија.