Наставничка во Англија сексуално злоставувала малолетник

Наставничка по математика од Англија доби шестгодишна затворска казна во Крунскиот суд во Нотингем во петокот поради сексуална злоупотреба на момче на кое му држела онлајн предавања, пишува Би-Би-Си.

Полицијата соопшти дека Холи Роус-Свини (37) договорила да се сретне со тинејџерот во нејзиниот поранешен дом и имала сексуален контакт со него во неколку наврати и покрај тоа што знаела дека е малолетен.

Мајката на тинејџерот ги пронашла несоодветните пораки на наставничката на WhatsApp и ја известила полицијата.

Наставничката Роус-Свини се изјаснила за виновна по две точки.