Македонското Собрание во текот на вчерашниот ден усвои Закони со кои три природни локалитети во земјава добија посебен, заштитен статус.
Охридското Езеро и Кањонот Матка се прогласуваат за споменици на природата, а Студенчишко Блато кај Охрид, доби статус парк на природата.
Владата уште минатата година донесе одлука за прогласување на Кањонот Матка за заштитно подрачје од трета категорија, додека ваква одлука за Охридското Езеро беше донесена на почетокот на оваа година.