Бајден: Украинскиот упад во регионот Курск во Русија создаде дилема кај Путин

Воениот упад на Украина во руската област Курск создаде „вистинска дилема“ за рускиот претседател Владимир Путин, изјави американскиот претседател Џозеф Бајден.

Бајден истакна дека американските претставници се во постојан контакт со Украинците во врска со оваа акција на украинските сили, пренесе Ројтерс.

Американските власти велат дека една недела по упадот на Украина во областа Курск, се уште бараат одговор на прашањето што сака да постигне Украина со таа акција.