Во ресторан направил сметка од 250 евра, му наплатиле и 3 евра за мраз

Извесен Антонио Барбеито од Мадеира заминал на одмор во Менорка, но не се забавувал.

Антонио се пожалил на социјалните мрежи откако доби сметка за 250 евра. Бил во рибен ресторан во кој јадел јастог (165 евра), тартар од ракчиња (25 евра), пржени лигњи (18 евра), школки (14 евра), сладолед (две топки за 6,50 евра) и газирани пијалоци и кафе.

Сметката била 252,80 евра, но кога ја прегледал сметката, наишол на непријатно изненадување.

Овој Шпанец открил дека дополнителна чаша мраз е наплатена 3 евра, што навистина го изнервирало.

„На сметка од 250 евра, да се наплаќаат три евра за мраз е крајно несоодветно“ – вели изнервираниот Шпанец.