Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Москва се сретна со неговиот палестински колега Махмуд Абас, кој му порача на рускиот претседател дека Русија е „еден од најдрагите пријатели на палестинскиот народ“.
„Ние веруваме во вас, ви веруваме и ја чувствуваме вашата поддршка“, му рекол Абас на рускиот претседател, пренесе Ројтерс.
Палестинскиот лидер и политички ветеран, 88-годишниот Абас, изјави дека Советот за безбедност на Обединетите нации, тело во кое Русија е една од петте светски сили со право на вето, мора да дејствува за „да ги запре акциите што ги презема Израел“.