Едно девојче (8) денеска е пронајдено мртво на базен во камп на Халкидики, а причината за смртта ќе ја утврдува истрагата.
Според информациите на ThessToday.gr, кампот се наоѓа во едно летувалиште во Грција, на првиот крак на Халкидики.
Под се уште неразјаснети околности, осумгодишно девојче било пронајдено мртво во базенот.
Веднаш по извлекувањето на детето од базенот, на местото пристигнале две возила на брза помош.
Лекарите се обиделе со реанимација, но детето не можело да се спаси.