Укинато e зголемувањето на нотарските тарифи
Се укинува зголемувањето на нотарските тарифи, соопшти денеска владината служба.
Владата на денешната редовна седница ја разгледа и ја усвои Одлуката за престанување на важење на согласноста за зголемување на нотарската тарифа.
– Според информацијата, претходната Одлука на Владата од 6 јуни, со која се покачија нотарските тарифи беше оценето дека е избрзана и предизвика товар врз граѓаните, соопшти владината прес-служба.