Сеизмолошкиот институт на Хрватска соопшти дека утринава во 8 часот и 43 минути е регистриран прилично силен земјотрес во северозападна Хрватска и дека неговата сила можела да се почувствува на пошироко подрачје на земјата.
Епицентарот на земјотресот, велат, бил во близина на градот Апатовец, а бил почувствуван во Загреб и цела северозападна Хрватска.
Во соопштението се наведува дека се работи за прилично силен земјотрес на 17 километри северно од Крижевци.
Магнитудата на земјотресот била 4,0 степени според Рихтеровата скала, а проценетиот интензитет бил V степен ЕМС.