АЕК: Со трет мобилен оператор би поефтиниле услугите
Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) смета дека со поголема конкуренција на пазарот, ќе пониски цени на услугите, во контекст на најавата за влез на трет мобилен оператор во Северна Македонија.
Директорот Јетон Акику во изјава за ТВ Сител кажа дека слободни фреквенции има бидејќи претходно веќе работеле три компании, а најголема корист од доаѓањето на нов мобилен оператор ќе имале граѓаните.
„Со трет оператор би имале уште подобри услуги и во тој смисол е добро да има трет и треба да има и најверојатно тоа би значело намалување на цените. Тоа е економска теорија, повеќе конкуренција-помали цени. Имаме празни слотови во сите френквенциски опсези за тре оператор, пошто имавме трет. Кога се случи спојувањето на двата оператори, дел од фреквенциите ги одземавме назад за да има можност за трет оператор“ изјави Акику за ТВ Сител.
Акику вели дека досега на адреса на институцијата не стигнало писмо со намери од компанијата. Тој објаснува дека писмото со намери не значи дека заинтересираната компанија ќе биде третиот оператор за мобилни услуги. Прво ќе се распишел тендер на кој ќе можат да се пријават сите компании кои ќе ги исполнат условите.
„Ако се појават повеќе заинтересирани има јавно наддавање, ако се јави еден се оди на цената одредена како почетна за добивање на дозволата“, вели директорот на АЕК.