Заврши кариерата на ракометниот ас – Никола Карабатиќ

Натпреварот меѓу Франција и Германија од четвртфиналето на Олимписките игри е последниот натпревар во богата играчка кариера на големиот ракометен ас – Никола Карабатиќ!

Иако тој посакуваше уште два натпревари до крајот на кариерата, сепак нема да го памети последниот по некое олимписко одличје, туку по елиминација, и тоа драматична, од Германија.

Германците славеа по продолженија со 35-34, откако Усчинс погоди на петнаесетина секунди до крајот, а последниот удар на Французите не беше прецизен и мечот заврши.

Kaрабатиќ во клупската кариера освои 16 титули во Франција, четири во Германија и две во Шпанија, односно 22 титули во 23 одиграни клупски сезони.

Легендарниот ракометар со Франција освои 4 титули на ЕП, 4 титули на СП и три на ОИ.