Слоницата Дуња од скопската Зоолошка градина не угинала, туку била евтаназирана, поради старост, објаснуваат од скопската Зоолошка градина.
Како што објаснуваат од таму, Дуња имала 60 години и повеќе болести поради што дошол тим од тројца лекари од Белгија од каде и што дојде слоницата во Скопје кои констатирале дека е најдобро да биде евтанизирана.
Постапката била завршена вчера. Телото на слоницата било дадено на обдукција, а потоа било однесено на депонијата Дрисла, како што наложуваат прописите.
Инаку, азиската слоница Дуња била најголема од нејзиниот вид во Европа.
Дуња била родена во 1969 година, што значи дека имала 55 години. Азиските слонови во просек живеат до 48 години.
Дуња имала тежок живот. Од бебе била грабната од дивина и однесена во циркус. За среќа, ЕУ ги банира циркусите со животни. Дуња била и на рехабилитација Белгија.