Пред неколку дена угинала слоницата во скопската ЗОО, која не ја извести јавноста за овој случај.
Неколку дена се правеле планови како да биде изнесено угинатото животно надвор од градината и каде да се закопа.
Утрово, околу 08 часот започна и акцијата за „тивко“ изнесување на слоницата.
View this post on Instagram
Според снимките на „Скопје1.мк“, со два багери и камион, слоницата е изнесена од зоолошката и најверојатно е однесена на депонијата Дрисла.
Инаку, во изминатите три години угинаа сите три жирафи, една по друга.