Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Земјотресот е регистриран во 7 часот и 19 минути на длабочина од три километри.
Земјотресот е регистриран во Егејското Море, на 113 километри од Солун.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Според очевидци на веб-страницата ЕМСЦ, земјотресот бил почувствуван и на островот Тасос.