Најмалку едно лице загина, а осум се претпоставува дека се затрупани под урнатините на хотел во западна Германија, соопшти денеска локалната полиција.
Се верува дека 14 лица биле во хотел во малото гратче Корев на реката Мозел кога еден кат од хотелот се урнал синоќа околу 23 часот, пренесе АП.
Полицијата првично соопшти дека пет лица излегле од хотелот без повреди, но дека други девет останале заробени.
Досега итната медицинска помош констатирала смрт на едно лице, но не успеале да го извлечат телото.
Лекарите биле во контакт со уште околу осум лица кои останале во хотелот, од кои некои се тешко повредени, додава полицијата.
Полицијата евакуирала 31 лице од околината на оштетената зграда, а се уште не е познато што го предизвикало уривањето.