Алжирската боксерка, Имане Келиф, забележа уште една победа на Летните олимписки игри во Париз и веќе е во финалето во категоријата до 66 килограми.
Келиф во полуфиналето со одлука на судиите после три рунди славеше над Јанјаем Суванпехенг од Тајланд.
За разлика од претходно, кога италијанката Анџела Корини се повлече од борбата поради силните удари кои ги добила, овојпат натпреварот заврши регуларно, а боксерката од Тајланд остана до крајот во рингот да се бори за победата.
Имане Келиф го привлече вниманието на светската јавност поради информациите дека има високо ниво на машки хормони и нема право да се натпреварува во женска конкуренција.
Шпекулациите oдат дотаму што се тврди дека таа е родена како маж, а пред неколку години го има сменето полот.
Алжирката во својата кариера има девет порази.