Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека либанската група Хезболах вечерва лансирала повеќе од 30 ракети кон северен Израел.
ИД наведува дека првиот бараж од околу 20 ракети бил насочен кон северната Голанска Висорамнина и дека сите погодиле отворени области, додека подоцна 10 ракети биле истрелани на северот на Израел во близина на границата со Либан, од кои некои биле соборени од страна на израелскиот систем за противвоздушна одбрана „Железна купола“, и дека некои предизвикале пожар, додека немало повредени.
Претходно денеска, израелските сили погодија складиште за оружје на Хезболах во јужен Либан во селото Кфар Кила, како и ќелија на Хезболах што го напушташе местото за лансирање ракети користено во нападот утринава врз населбата Мисгав Ам во северен Израел, соопшти ИД, објави „Тајмс оф Израел“.