Џип излета од патот во Јужна Флорида, загинаа девет лица
Девет лица загинаа, а едно лице е тешко повредено кога преоптоварен џип-теренец излегол од контрола на пат во Јужна Флорида, удрил во заштитна ограда и се превртел наопаку во канал.
Автомобил „форд експлорер“ од 2023 година со 10 луѓе патувал кон југ на автопатот Хатон во близина на земјоделската заедница Бел Глејд (околу 70 километри од Палм Бич) околу 19:30 часот по локално време кога возачот не успеал да ја фати кривината и излетал од патот, пренесува А.П.
Теренецот удрил во заштитната ограда пред да слета во канал кој оди паралелно со патот, а капетанот Том Рејс од пожарникарската служба на округот Палм Бич им рекол на новинарите дека теренецот бил наопаку и делумно под вода кога пристигнале екипите.
За четири лица е констатирана смрт на лице место, додека пет починале во болница.
Меѓу загинатите е и возачот, додека 26-годишен сопатник е во тешка состојба.
Овој тип на возила има максимален капацитет од осум лица.