Портпаролот на Европската комисија, Петер Стано, денеска предупреди дека затворањето на девет филијали на Поштата Србија на северот на Република Косово доведува до дополнителна ескалација и рече дека ЕУ очекува Приштина да ја преиспита оваа одлука и да се справи со ова прашање во рамките на дијалогот со Белград, кој се води со посредство на ЕУ.
На брифинг со новинарите во Брисел, Стано повтори дека затворањето на девет филијали на Поштата Србија на северот на Косово е едностран и некоординиран чекор што ги прекршува договорите од Брисел.
На прашањето на албански новинар кои би можеле да бидат последиците за Приштина и дали таквиот потег може да ја загрози нејзината апликација за прием во ЕУ, тој нагласи дека во оваа фаза ЕУ „многу јасно“ кажала што очекува од администрацијата на Албин Курти.