Френк Карило од американската сојузна држава Вирџинија е обвинет за испраќање насилни закани преку Интернет до потпретседателката на САД – Камала Харис, неколку дена откако таа ја започна својата претседателска кампања, а денеска тој треба да се појави на суд.
Тој објави серија заканувачки пораки насочени против Харис на социјалната мрежа GETTR, соопшти судот, пренесува денеска Ројтерс.
„Камала Харис треба да биде запалена жива, а јас ќе го сторам тоа сам ако никој друг не го прави тоа“, се вели во една од објавите, според судските документи.
Во друга, се вели дека Харис „ќе зажали што некогаш се обидела да стане претседателка“.
Објавите беа објавени на 27 јули, шест дена откако претседателот Џозеф Бајден го објави своето повлекување од трката и ја поддржа Харис како демократски претседателски кандидат.
Карило остави и пораки против Бајден и директорот на ЦИА Кристофер Вреј. При претресот на куќата на Карило, агентите на ФБИ заплениле пушка и пиштол. Тој се очекува да го има своето прво појавување на суд подоцна денеска.