Најскапите градови за живеење се швајцарските Женева и Цирих, покажува актуелното истражување на компанијата Numbeo, кое го лансираше поранешниот софтверски инженер на Google, Младен Адамовиќ од Србија.
Списокот е направен врз основа на споредба со трошоците за живот во Њујорк, кои добија оценка од 100, што значи дека секој друг град е оценет врз основа на тоа колку е поскап или поевтин во споредба со Њујорк, пренесува CNBC.
Најскапата Женева има индексна вредност од 101,7, што покажува дека живеењето во тој град е за 1,7 отсто поскапо од Њујорк.
Проценетите месечни трошоци за живот за едно лице во Женева се околу 1.715 долари без кирија, додека проценетите месечни трошоци за четиричлено семејство се околу 6.300 долари, според Numbeo.
Вредноста на индексот од 100,4 е забележана во второпласираниот Цирих.
Еден самец треба да издвојува 1.689 долари месечно за да живее во Цирих, не вклучувајќи ја киријата, а четиричлено семејство чини 6.184 долари.
Њујорк е трет најскап град во светот, а над него се Сан Франциско, Бостон, Рејкјавик, Вашингтон, Сиетл, Лос Анџелес и Чикаго, што значи дека седум од 10-те најскапи градови во светот се наоѓаат во САД.