Шефот на обезбедувањето на собранискиот претседател Африм Гаши, С.С. доби кривична пријава и суспензија од работното место за инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром кој се случи пред неколку дена.
По истрагата на Внатрешната контрола на МВР е утврдено дека Синани кој е началник на одделот за лично обезбедување на Гаши, постои основи на сомневање дека ги сторил кривичните дела „Загрозување на сигурноста“ и „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“.
За другите двајца полицајци кои го придружувале Синани на аеродромот е поднесен Предлог за постапка за кршење на работниот ред и дисциплина поради извршување на незаконита наредба, несовесно извршување на работни задачи и рушење на угледот на полицијата.
Министерот за внатрешни работи – Панче Тошковски соопшти дека тројцата полицајци од Секторот за обезбедување на личности влегле во ВИП салонот, се движеле во простории во кои немале овластување, а Синани на вработените во ТАВ им се заканувал по животот и барал тој да ја спроведе Вјоса Османи со возило до авионот.