(Видео) Холандска атлетичарка со специфичен глас – за еден ден видеото го погледнаа над 16 милиони
Холандската штафета на 4х400 метри вчера ја освои титулата олимписки победник во Париз, благодарение на феноменалната последна измена и трчањето на Фемке Бол.
Бол целта ја мина за 3,07,43 минути што е само за две стотинки послабо од светскиот рекорд.
Само неколку минути по победата, атлетичарката стана вирална на социјалните мрежи – поради нејзиниот глас.
Видео од нејзина изјава дадена во март, кое беше повторно објавено синоќа по победата на Холандија, за помалку од еден ден собра повеќе од 16 милиони прегледи на платформата Х.
Погледнете зошто: