ВЛЕН: За прв пат, Дирекцијата за финансиско разузнавање ќе биде водена од албански кадар!

Коалицијата ВЛЕН соопшти дека за прв пат во историјата на земјава, клучна институција за борба против корупцијата, Дирекцијата за финансиско разузнавање, ќе биде водена од албански кадар.

„Кујтим Ибиши, со чиста биографија и без никаква корупциска дамка, ќе ја води оваа важна институција за борба против ракот на нашето општество – корупцијата, перењето пари и други криминални активности. Неговата посветеност и ангажираност се гаранција за праведно и ефикасно управување со оваа институција.

Коалицијата ВЛЕН ја презеде оваа одговорност со решителност и посветеност за да ја води оваа клучна институција. Преку Дирекцијата за финансиско разузнавање, ќе работиме интензивно за да ја реализираме нашата програмски столб: борбата против криминалот и корупцијата! Со оваа Дирекција, го заокружуваме синџирот на сите институции и механизми за борба против криминалот и корупцијата.

Коалицијата ВЛЕН останува посветена на донесување позитивни промени и осигурување дека сите наши активности се во согласност со принципите на правдата и транспарентноста. Веруваме дека со соодветна ангажираност и посветеност, ќе успееме да се бориме и да ја поразиме корупцијата во нашата земја“, додаваат од ВЛЕН.