Американскиот претседател Џо Бајден и се обрати на нацијата за прв пат откако се откажа од трката за реизбор, ја поддржа својата потпретседателка Камала Харис и истакна дека ја „предава диригентската палка“ на помладите генерации бидејќи верува дека тоа е најдобар начин за обединување на американските граѓани.
„Решив дека најдобар начин е да ја префрлам палката на новата генерација. Ова е најдобриот начин да се обедини нашата нација“, рече тој.
Бајден истакна дека ја почитува институцијата претседател, но дека повеќе ја сака својата земја, како и дека верува дека одбраната на „загрозената“ демократија е поважна од која било функција, пренесува Гласот на Америка.