Kога во февруари годинава се подготвуваше теренот за пролетните претседателски и парламентарни избори, Државна изборна комисија пресмета рекордна сума пари наменета за платено политичко рекламирање. Тогаш пресметките покажаа дека за двојните избори од буџетот за медиумите ќе се издвојат 10,6 милиони евра, пишуваат БИРН.
Но, два и пол месеца по завршувањето на гласачкиот процес, овие пари ги нема. Од Државната изборна комисија велат дека досега се исплатени само медиумите кои имаа партиски реклами во првиот круг од претседателските избори, а за вториот и за парламентарните го чекаат ребалансот на буџетот. Така им ветиле од Владата, а целиот процес на прекројување на државната каса се очекува да помине низ собраниските процедури до првата половина од август.
Во меѓувреме роковите за исплата се поминати. Медиумите се должни извештаите за реализирани услуги заедно со фактурите да ги достават до ДИК најдоцна пет дена по настапувањето на предизборниот молк. Потоа, комисијата има обврска да им исплати пари најдоцна 30 дена по објавувањето на конечните резултати. Ова би значело дека рокот за исплата е поминат од пред повеќе од два месеца.
Во тој период до ДИК се стигнати 1.062 фактури од медиумите, но од таму не прецизираат за колкав број на медиуми се работи.
Скромните податоци досега објавени на интернет страницата на комисијата не откриваат многу ниту за тоа колку вкупно пари се потрошени и кои медиуми најмногу ќе заработат од изборниот процес.
Целиот материјал на следниот линк!