Македонската делегација составена од спортисти, тренери и службени лица веќе е во Париз и од денес започнуваат со подготовки за своите настапи на ЛОИ 2024.
На Олимпијадата што ќе се одржи од 26 јули до 11 август ќе учествуваат шест Македонци.
Знаменосци на свеченото отворање ќе бидат Дарио Ивановски (атлетика, маратон) и Мила Рељиќ (таеквондо).
Покрај нив боите на Македонија ќе ги бранат и: Владимир Егоров (борење), Никола Ѓуретановиќ (пливање), Анастасија Мојсовска (стрелаштво) и Еди Шерифовски (џудо).